Директорка на Центар за комуникации на републиканците си даде оставка поради коментарите за ќерките на Обама

Директорката на Центарот за комуникации на конгресменот од Републиканската партија, Елизабет Лотен, беше присилена да се извини и да даде оставка поради непристојни коментари за однесувањето на ќерките на претседателот Обама, Малиа и Саша, пишуваат американските медиуми.

Вработената во Републиканската партија поднесе оставка откако се соочи со големи реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи, по текстот на нејзиниот пост на Фејсбук во која таа на ќерките на Барак Обама им „држи лекција“ дека треба да „покажат малку повисока класа” во однесувањето и во облекувањето.

Елизабет Лотен, директорка за комуникации на конгресменот од Тенеси, Стивен Финчер, пред да ја поднесе оставката објави извинување на Фејсбук за нејзините коментари за Малија (13) и Саша (16) Обама.

„Јас реагирав на една статија и се избрзав во давањето оценки за двете млади дами на начин на кој јас никогаш не би сакала да бидам лично оценувана како тинејџер”, пишува Лотен во извинувањето на Фејсбук и додава „по многу часови на молитва, разговор со моите родители и повторно читање на моите зборови напишани на интернет, јас можам појасно да согледам колку беа пакосни моите зборови”, изјави Лотен.

USA  izvinuvanje i ostavka od republikancite

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.