Директорката на ФЗОМ на Меѓународен конгрeс за квалитет во здравството

Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова од 20 до 22 ноември 2014 година, ќе учествува на  V Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет во здравствените системи, што се одржува во Анталија, Турција.

Како што соопштуваат од ФЗОМ, на овој еминентен стручен собир, директорката Парнарџиева – Змејкова ќе го презентира имплементирањето на моделот на ДСГ – дијагностичко сродни групи – што функционира во Република Македонија од 2009 година.

Овој реномиран меѓународен конгрес е посветен на перформансите, кавлитетот и безбедноста на пациентите и на здравствените работници, а го организира Министерството за здравство на Република Турција од 2008 година.

Со свои презентации на овој стручен собир, покрај директорката Парнарџиева-Змејкова, ќе земат учество и еминентни претставници од јавниот и приватниот здравствен сектор од Обединетото Кралство, Малезија и други држави од регионот. Темите се националните, меѓународните практики и современите научни студии во областите, како што се: квалитетот во здравството, акредитациите на здравствените установи, безбедноста на пациентите и вработените во здравствените системи, како и придонесот на државните фондови за здравство во унапредувањето на нивото на здравствените услуги и здравствената заштита на граѓаните.