Директорката на Кардиолошкиот завод во Охрид си го унапредила сопругот, а хирургот Бакрачески го спуштила на ниво на медицинска сестра

Директорката на Кардиолошкиот завод „Свети  Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која направила
прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески, пред три седмици го унапредила својот сопруг
како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата.

Како што пренесува порталот Актуелно24, сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски, претходно имал функција на доктор во амбуланта и вршел прегледи на пациенти, а сега одлучува за клучни работи во болницата и е надлежен за пациентите, персоналот, како и поединечи одделенија во установата.

Директорката Донеска, во изјава за „Макфакс“ потврдува дека пред три седмици го унапредила својот сопруг и според неа, нема ништо спорно во постапката што ја презела. Промените на функции кои ги правела Донеска станаа актуелни во јавноста откако беше објавено ека таа го деградирала ексградоначалникот и кардиолог Никола Бакрачески. Тој од сала за ибеше енции е прераспределен во одделение за срцеви аритмии, кое според хиерархијата во клиниката е најниско одделение.

 

„Унапредувањето на д-р Зоран, кој е мој сопруг, го направив од причина што докторката која до тој момент беше раководител на тој оддел е на супспецијализација и моментално не е тука. Исполнети се сите критериуми. Во оваа болница сите доктори имаат некаква раководна функција. Можеби имало и други кандидати, но како кардиолози добиле друга раководна функција“, изјавила Доневска за „Макфакс“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.