Директорот и комисијата на кумановското „Чистота и зеленило“ наместиле тендер

Кумановски и светинколски директори местеле тендер.

Кривична пријава за злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност заработија 46-годишниот С.П. од Куманово и 38-годишниот А.К. од Свети Николе, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

С.П. како директор на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово и А.К. сопственик и управител на браварската работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе се договориле како да го оштетат јавното претпијатие и да заработат со „местење“ на тендер. Нивната измама, потпомогната од Б.Ј. (52); С.М. (42) и С.Г.(54) сите од Куманово, членови на Комисијата  за јавни набавки при ЈП “Чистота и зеленило“ го оштетила претпријатието за 34.219 евра. Парите  по претходен договор би биле поделени  помеѓу С.П. и А.К.

Од полиција појаснуваат дека кривичното дело го сториле во 2012 година.

С.П. ја злоупотребил својата директорса положба и иницирал набавка на три половни комунални возила за подигање, собирање и транспортрање на смет и едно половно специјално моторно возило  – метлачка за потребите на претпријатието преку Постапка за доделување на договр за јавна набавка-Тендер.

За таа цел заедно со А.К. по претходен договор дека ќе го добие тендерот, организирале посета на авто-плацеви на територија на Германија, со цел пронаоѓање на соодветни возила, нивно плаќање преку сметка на фирмата на А.К. од кои средства дел се авансно платени од ЈП “Чистота и зеленило“ Куманово заедно со нивно транспортирање до РМ.

По распишување на тендерот во постапка на одлучување Б.Ј., С.М. и С.Г. при отворање на двете понуди од браварската работилница “Дух“ ДООЕЛ Свети Николе и Друштвото за еколошки, комунални и други услуги „Еко Тера Интернационал„ ДООЕЛ Скопје постапиле спротивно на законот и не ги провериле техничките понуди поднесени од двата понудувачи.

Играјќи според планот тие само утврдиле дека понудата на Еко Тера Интернационал„ е некомплетна и ја отфрлиле од понатамошна евалуација а ја прифатиле претходно договорената понуда од браварската работилница “Дух“иако и таа била некомплетна односно фирмата воопшто ги немала понудените возила во РМ, ниту пак тие биле регистрирани на македонски рег.таблици и со извршена хомологација. По изготвување на записник од отворање на понудите истите му овозможиле на А.К. да ги донесе и да ги регистрира возилата во РМ, односно да го спроведе  претходно направениот договор со С.П. по што возилата за сума од 61.764 евра со ДДВ биле набавени од страна на понудувачот браварска работилница “Дух“, а на ЈП „Чистота и зеленило„ Куманово и биле продадени за 86.179 евра без ДДВ, со што оствариле профит од 34.219 евра кои пари по претходен договор би биле поделени  помеѓу С.П. и А.К.