Директорот на ЦИА очекува САД да организираат слободни и непристрасни избори, а Русија повторно да се меша

Руското мешање во американскиот изборен систем не е престанато и Москва веројатно ќе се обиде да влијае на парламентарните избори во ноември 2018 година во САД, изјави директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Мајк Помпео, во интервјуто за британскиот јавен сервис BBC во понеделникот.

Не видов значително намалување на нивните активности. Очекувам дека ќе продолжат со таквите обиди, но уверен сум дека САД ќе бидат во состојба да организираат слободни и непристрасни избори, како и дека доста ефикасно ќе го отфрлиме вмешувањето за нивното влијание на нашите избори да не биде значително, изјави Мајк Помпео алудирајќи на наводното руско мешање во американските претседателски избори во ноември 2016 година.

Челниците на ЦИА тврдат дека Русија се вмешала во изборната кампања во 2016 година за во Белата куќа да го доведе републиканецот Доналд Трамп, наспроти демократската кандидатка Хилари Клинтон која важеше за фаворит.

Трамп ги отфрла ваквите тврдења, згора на тоа и дека неговата кампања била во договор со Кремљ, како „лажни вести“ и „лов на вештерки“. Москва, пак, повеќепати категорично и редовно ги негира американските обвинувања истакнувајќи дека не се пружени никакви докази, и оценува дека станува збор за „антируска хистерија“ на одредени кругови во Вашингтон и резултат „на борбата на внатрешнополитичката сцена“ во САД.

Интервјуто на директорот на ЦИА беше објавено истиот ден кога од должноста отстапи вториот човек на Федералното биро за истраги (FBI), Ендрју Меккејб, кој републиканците го критикуваа за наклонетост кон демократската кандидатка Хилари Клинтон во истрагата за нејзината наводна злоупотреба на приватен сервер и приватна електорскна адреса за службена преписка што е спротивно на законот а против неа не беше покренато обвинение.

Трамп на Twitter објави дека сопругата на Меккејб добила 700.000 долари за неуспешната изборна кампања за сенатско место во Вирџинија и доби донација од гувернерот на оваа сојузна држава кој е близок на Хилари и Бил Клинтон.

Можното влијание на Кина на Западот исто загрижува како и руското

Мајк Помпео во интервјуто зборуваше и за Кина, заклучувајќи дека Пекинг има влијание на Западот коешто „подеднакво е загрижувачко како и руското“.

Кинезите имаат многу пошироки можности за ширење на влијанието и многу повеќе треба да се стори за да се спротистави на тоа. Кинескиот досег, смета Помпео, оди од традиционалната шпионажа до кражба на интелектуалната сопственост за да му се помогне на домашниот бизнис.

Покрај тоа, кинеското влијание го вклучува и начинот на кој оваа земја ја користи својата економска моќ за да влијае врз американските компании коишто сакаат пристап на огромниот и растечки кинески пазар.

Можеме да следиме многу фокусирани напори да се крадат американските информации, да се инфилтрираат во САД со шпиони, со луѓе коишто одат на работа во името на кинеската влада а против Америка. Го гледаме тоа во нашите училишта. Го гледаме тоа во нашите болници и во медицинските системи. Го гледаме тоа низ корпоративната Америка. А тоа постои и во другите делови од светот, вклучително и Европа, тврди Помпео кој пред да стане директор на ЦИА беше републикански конгресмен припадник на т.н. „тврда линија“.