Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски избран за член на извршниот и уредувачки одбор на EURBICA

Официјално Петровски ќе започне да ја извршува оваа должност од 1 јуни 2016 година, заедно со:

John CHAMBERS -Велика Британија

Charles FARRUGIA -Малта

Vlatka LEMIC -Хрватска

Karin VAN HONACKER -Белгија

Odile WELFELE -Франција

Државниот архив на РМ е член на Меѓународниот архивски совет од 1992 година, во кој се вклучени преку 1400 институции, од 190 земји во светот, со паролата која ги обединува: Архивите претставуваат сеќавање на народите и општествата, го обликуваат нивниот идентитет и се камен-темелник на информациското општество.

Откако стапи на функцијата Директор на Архивот, во март 2015 година, д-р Филип Петровски оствари многу средби на меѓународен план, започна соработка со повеќе архиви и прејде на конкретна реализација на тоа поле. Последната иницијатива која ја покрена беше основачкиот состанок на Професионалното архивско здружение на архиви на Југоисточна Европа, под мотото Building Bridges Премостување) одржан во Скопје, на 1 април 2016 година, кога Државниот архив воедно ја одбележа и 65 годишнината од своето основање.