Директорот на Кралскиот институт за меѓународни односи на Белгија во Македонија

Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политикa, во дводневна посета на Република Македонија престојува Амбасадорот Марк Оте, Директор на Кралскиот Институт за меѓународни односи на Кралството Белгија – еден од најпрестижните институти од овој тип во Европа.

Во рамките на посетата, денес во просториите на Министерството за надворешни работи Амбасадорот Оте оствари средба со министерот Никола Попоски, на која беа разменети мислења околу актуелните геополитички случувања, евроинтегративните процеси на Република Македонија, како и перспективите за соработката помеѓу ИГИНП и ЕГМОНТ Институтот.

mnr_oteee (1)

Исто така, во Амфитеатарот на МНР, пред присутните гости, претставници од Дипломатскиот кор во Република Македонија, академската јавност и дипломати,  Амбасадорот Оте имаше и свое обраќање на тема: “Дипломатијата на партнерства, односно значењето на сојузите и стратешки партнерства на големите сили”.

mnr_oteee (2)

Во своето воведно обраќање Попоски го истакна значењето на т.н. „Партнерска дипломатија.”

Воспоставувањето и развивањето на „специјални врски” е значајна алатка за успешно функционирање во услови на глобализација и исклучителна мултиполарност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.