Македонија,Крими хроника

Директор незаконски присвоил 118.000 денари

Директор незаконски присвоил 118.000 денари

Полицијата од Демир Хисар поднесе кривична пријава против Л.И.(51) од Битола, директор и сопственик на ТП „Ивановски Раде Лазо“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 11.09.2013 година, пријавениот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување спротивно на Планот за користење и евиденција на едновозрасни насади изработен од Заводот за уредување на шуми и проектирање „Шума проект“-Скопје со кој се забранува сеча на шума од 2010 до 2016 година, извршил ознака на сеча на шума на м.в. „Крагуево“ кое било во приватна сопственост, со што им овозможил на сопствениците на приватната шума да се стекнат со имотна корист од 1.365.650 денари, од кои 117.984 денари ги присвоил за себе.