Директорот на „Туркиш Ерлајнс“ се повлече од функцијата

Генералниот директор на турската авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ , Хамди Топчу, си поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира за пратеник на претстојните парламентарни избори во Турција кои ќе се одржат на 7. Јуни.

Според турските медиуми, Топчу на неговиот профил на Твитер соопшти дека поднесува оставка и дека во иднина нема да биде дел од раководството на авиокомпанијата.

За нов директор е именуван Илкер Ајџи, член на извршниот одбор на „Туркиш Ерлајнс“.