Директорот Спасески оствари средба со претставници на Федерација на планинарски спортови на Македонија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески организираше прием на претставници на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Со Претседателот на федерацијата проф. д-р Јовица Угриновски, Горан Тинтоски, Никола Доновски и Здравко Дејановиќ, беше разговарано за заминувањето на Здравко Дејановиќ и неговото искачување на вториот највисок врв на планетава К2/Голдин Остин, висок 8611 метри. Врвот се наоѓа на планинскиот венец Хималаи на граница помеѓу Пакистан и Кина.

Искачувањето на К2 е потешко искачување од она на Монт Еверест затоа што теренот е прекриен со ледените и карпести вертикални смерови на кој што постојано се појавуваат лавини. Врвот важи за тежок за искачување и поради микро климата кој владее околку К2. Од  првото искачување во 1954 година до сега го имаат искачено околу 300 алпинисти од целиот свет.

Здравко Дејановиќ ќе се обиде да го искачи врвот К2 во текот на месеците-Јуни, Јули и Август ова година.

Негови досегашни успеси се искачувањата на највисоките врвови на светот меѓу кој и Монт Еверест во 2010 година.

DSC03267 1