Диреторот на МНТ ја удрил девојката во Кисела Вода

Драган Спасовски Дац, директор на Македонскиот народен театар (МНТ), во вторникот вечерта на улицата „Огњан Прица“ кај локацијата кај бифето „Шампионче“ околу 21,20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, објави порталот Плусинфо, повикувајќи се на упатени извори.

Засега се знаат иницијалите на повредената девојка – Е.Ц.

Девојката веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увидот на местото на настанот сѐ уште е во тек. Нема потврда за шпекулациите дека Дац бил под дејство на алкохол, пишува порталот.

Претходно на социјалните мрежи се прошири веста дека лицето кое ја направило сообраќајната незгода во скопската населба Кисела Вода е директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов – Дац.

„Пред малку во Кисела Вода кај Шампионче Драган Спасов  со кола прегазил девојче. Дрегерот покажал 2.35 промила?!“ – напиша на Twitter.