Дисциплинска постапка против 34 вработени во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка „парична казна“, на двајца вработени мерка – „запирање на постапката“ на еден вработен мерка  „писмено предупредување” и на еден вработен мерка  „отказ“.

На девет припадници на МВР изречена им е мерка „парична казна“, затоа што не го одржувале чисто и подмачкано формациското оружје.

На еден полицаец во ПСОН-Центар, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“, затоа што не одговорил судски акти за достапност на лица, и не известил дека истите биле уништени при перење.

На командир во ПО Теарце, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“, затоа што не присуствувал на обука.

На двајца инспектори за криминалистичко-технички увид на место на настан во Отсек за увид на место на настан, СВР Скопје изречена им е мерка „парична казна“, затоа што не го консултирале јавниот обвинител за добивање насоки за понатамошно постапување.

На полицаец во ПСОН-Гостивар, СВР-Тетово изречена му е мерка „парична казна“, бил затекнат како спие на работното место.

На двајца полицајци во ПС за БПС Петровец изречена им е мерка „парична казна“ , затоа што не отишле на гаѓање, а  присуството било задолжително.

На двајца полицајци во ПСОН- Драчево, СВР-Скопје изречена им е мерка „парична казна“, затоа што не го одржувале чисто службеното оружје.

На виш инспектор во Канцеларија за криминалистички работи Чаир, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“, затоа што за настан не ги известил надлежните.

На двајца полицајци во ПС ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје изречена им е мерка „парична казна“, затоа што без одобрение, со службено возило го напуштиле подрачјето.

На двајца полицајци во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје изречена им е мерка „парична казна“, затоа што го оставиле формациското оружје необезбедено во службеното возило.

На  дежурен полицаец во ПО Велешта, СВР Охрид изречена му е мерка „парична казна“, затоа што го напуштил работното место, без да извести некого за тоа.

На полицаец во ПООСО, во Оддел за обезбедување изречена му е мерка „парична казна“ затоа што уништил платен налог при перење на службената кошула.

На полицаец во ПСОН-Драчево, СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“, затоа што извршувал работни задачи со приватно возило и вршел служба со оружје кое не го раздолжил од ПС, од каде бил прераспореден.

На полицаец во ПС за БПС-Струга, СВР-Охрид изречена му е мерка „парична казна“, затоа што го нарушил јавниот ред и мир, со омаловажување на полициски службеници при преземање на службени дејствија.

На полицаец во ПС ОН-Кисела Вода, во СВР-Скопје изречена му е мерка „парична казна“, затоа што дрско и недолично се однесувал пред колегите, упатувајќи недолични зборови.

На полицаец во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“, затоа што за време додека не бил на работа ја носел службената униформа, бил во УО, омаловажувал колега и избегнал алкотестирање.

На водич на безбедносен реон во ПСОН-Центар, СВР-Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ , поради неутврдена одговорност.

На помошник началник на Одделение за извештаи за сообарќајни незгоди, СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ , било утврдено дека нема повреда.

На полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР-Север изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);

На полицаец за БПС во ПО за БПС Струга, СВР Охрид изречена му е мерка „отказ“(за да не изврши службено дејствие, побарал и примил 2000 денари)

П.Б. виш инспектор во Одделение за извештаи за сообарќајни незгоди, Единица за БПС, СВР Скопје изречена му е мерка „писмено предупредување“(несовесно и ненавремено ги извршувал поставените задачи).