Дисциплинска постапка за 30 вработени во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во МВР поради сторени повреди во работењето.

МВР денеска соопшти дека на 23 вработени изречена им е мерка парична казна”, на четворица вработени мерка „запирање на постапката“, еден вработен е писмено предупреден, еден вработен е распореден едно ниво пониско, а на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.