Дисциплинска постапка за тројца обвинители поради пропусти во истрагата за 27-ми април

Покрената е дисциплинска постапка против тројца обвинители поради сомневање за пропусти во истрагата за настаните од 27-ми април 2017 година во Собранието, објав на Република ија во неделата повеќе медиуми, повикувајќи се на извори од Јавното обвинителство.

Постапката е спроведена против раководителката и заменик раководителот во скопското обвинителство, како и против раководителот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според овие засега официјално непотврдени информации, била започната дисциплинска постапка против поранешните раководители на скопското и обвинителството за организиран криминал, Златко Биковски, Гордана Гешковска и Јован Цветановски, кои споменатите должности ги извршуваа минатата година.

Сомневањата се однесуваат на тоа што тројцата обвинители не извршиле увид на настаните од 27 април во Собранието.

За утврдена дисциплинска повреда на јавен обвинител може да биде изречена: писмена опомена, јавен укор, суспензија, намалување на платата на обвинителот или да биде разрешен од функцијата, која ја спроведува Советот на јавените обвинители.

Основното Јавно обвинителство откако ја заврши истрагата за настаните во Собранието, на 27 ми март го достави обвинението до судот за 30 извршители, од кои на 28 на товар им се става кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца биле помагачи.

Иако поминаа точно два месеца сѐ уште не е познато дали Кривичниот суд ќе го прифати ова обвинение.