„Дива населбa“ и „Молња“ заедно во судница

„Дива населбa“ и „Молња“ заедно во судница
„Дива населбa“ и „Молња“ заедно во судница

По спојувањето на предметите „Дива населба“ и „Молња“, Кривичниот суд се соочува со голем проблем бидејќи судницата е претесна да ги собере сите опфатени во процесите. Кривичниот суд минатата недела донесе одлука за спојување на предметите со што сите 37 лица заедно ќе влезат во една сала. Како што пишува Телеграф, претседателката Лидија Неделкова смета дека од безбедносни причини е подобро судењето да се одвива надвор од комплексот на судските згради.

Новото рочиштет е закажано за денеска, но стартот на расправата е неизвесен со оглед на тоа што Судот сè уште не може да најде просторија во која ќе ги собере сите 37 обвинети, нивните адвокати, роднини, потоа полицајците како и новинарите.

Судењето за хоророт во Куманово почнува одново.

„Предметот требаше да почне одново, но имајќи предвид дека сега се обвинети 37 лица, а во судската сала треба да присуствуваат и 15 адвокати како и новинари, полицајци и роднини, во судницата на Кривичниот суд не може да се обезбедат потребните технички и безбедносни услови за одржување на главната расправа“, соопшти тогаш Судот.

Кривичниот суд побарал од министерот за правда со посебна одлука да им биде доделена на користење големата сала во Врховниот суд, но барањето било одбиено.

„Салата на Врховниот суд на Република Македонија е од свечен карактер за одржување свечени настани и во истата не постојат услови и не е опремена да функционира како судница. Од друга страна, доколку се овозможи во оваа сала да се одвива предметното судење, во целост ќе се загрози безбедноста и редовното функционирање на судот“, се вели во дописот на Врховниот суд.

За потсетување, во Дива Населба загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили, а десетици беа ранети.