сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Дивата ја раздрма Русија: Калиопи со импресивен настап на московскиот гала концерт

Македонската евровизиска претставничка Калиопи викендов престојуваше во Москва, кадешто на покана на организаторот на еден од најголемите промотивни евровизиски настани, за прв пат во живо ја изведе евровизиската тема „Дона“.

kaliopi-640x426

Последни вести

Најавена на сцената како поп дива од прекрасната Македонија чиј фан клуб ја очекува во публиката, Калиопи со своите импресивни вокални способности и енергија на сцената, го забележа, според добиените коментари, најмоќниот настап вечерта.Kaliopi-avtogram-sesija-650x488

Концертот се одржа во прекрасната сала Известиа, пред околу илјада гости, а истата вечер настапија и евровизиските претставници на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Израел, Малта, Молдавија, Шпанија, Швајцарија, Кипар и домаќинот Русија.

Televizija Rusija I 2

Следена на секој чекор од своите фанови, коишто ја паметат по нејзиниот настап од Баку, во 2012-та година, Калиопи подели бројни автограми на специјално организирана средба со својот фан клуб од Москва, а беше дел и од официјална пресконференција, посетена од голем број новинари и телевизиски екипи.

Kaliopi i fanovi 3

„Пресреќна сум што сум во Русија, земја со прекрасен народ и богата историја, а за мојата прекрасна земја Македонија на Евровизија ќе се потрудам да донесам песна и настап коишто ќе се паметат многу долго. Евровизискита фанови ме вратија на Евровизија и со голема среќа ја прифатив поканата од Македонската телевизија, бидејќи повторно ја добивам можноста да направам нешто за мојата земја, но и за нив, моите евровизиски фанови“, изјави Калиопи на пресконференцијата.

Intervju za Picolo magazin i web portal 2

Меѓу медиумите коишто со задоволство очекуваа повторно да ја видат Калиопи беа не само специјализираните евровизиски портали, туку и националните телевизии на Азербејџан, Русија, Белорусија и Украина.

Следниот промотивен настан е Eurovision in concert закажан за 9-ти април, во Амстердам. Станува збор за најголемиот промотивен евровизиски концерт, каде што годинава учество ќе земат 25 земји.

20

Најчитани вести