Спорт

Дивеење на фудбалските хулигани во Европа

Дивеење на фудбалските хулигани во Европа

Во француското првенство во неделата во Бастилја беше прекинат натпреварот бидејќи домашните навивачи двапати влегоа на теренот, безредија имаше и во Швајцарија каде беа нападните гостинските играчи, а се случија три дена по инцидентите од мечот во Лигата на Европа во Лион, кога гостинските навивачи на Бешикташ со топовски удари на трибините ги нападнаа домашните, а следеше физичка пресметка.

Натпреварот од 33-то коло на францускиот фудбалски шампионат меѓу Бастилја и Лион беше прекинат откако домашните навивачи двапати влегуваа на теренот на стадионот „Арманд Цесари“ напаѓајќи ги гостинските играчи.

Навивачите на Бастилја втрчаа на теренот додека фудбалерите се загреваа пред почетокот на натпреварот, а потоа и на крајот од првото полувреме, по што судијата Амори Делеру го прекина мечот.

Хулиганите во текот на загревањето го нападнаа гостинскиот голман Матје Горголен, а потоа уште неколку играчи. Горголен беше спасен од обезбедувањето, а остатокот од екипата се групираше по што го напушти теренот.

Лион одби да го одигра мечот, но по речиси еден час преговори, сепак, решија да играат. Меѓутоа, натпреварот беше прекинат на полувремето поради новите безредија при резултат 0:0. Новите инциденти се случија на крајот од првото полувреме кога еден навивач втрча на тревникот и го нападна голманот Антони Лопез.

„Играчите се шокирани. Навивачите со топки го гаѓаа Горгелен, а потоа го опкружија. Мемфис Депаи се обиде да ги смири, но немаше помош. Играчите стравуваат за своите животи и немаше никакви шанси натпреварот да продолжи“, изјави за медиумите одбранбениот играч на гостите Жереми Берто.

Полицијата веднаш ја извела екипата на Лион до нејзиниот клупски автобус, меѓутоа потоа морале да ги вратат играчите во соблекувалните, бидејќи процениле дека не е возможно безбедно да ги евакуираат од стадионот.

Инцидент имаше и во Швајцарија. По средбата Вил – Сервет (0:3) нападнат е автобусот со гостинските фудбалери, при што биле скршени неколку прозорци. Најлошо минал возачот кој со исеченици е хоспитализиран. Според швајцарските медиуми, нападот го извршиле хулиганите меѓу навивачите на Сион.