Диверзиони проекти против Македонија

Досега Заев и врвот на СДСМ имаа тесна соработка и со едните и со другите. Каква е целта на новата трансформација? Некои аналитичари намерно или наивно ја поврзуваат инфилтрацијата со обезбедување пари за СДСМ за изборите. Се спомнува дека преку Мухамед Зекири што беше поставен во тесното раководство на таа партија, СДСМ си обезбедила 15 милиони евра. Тоа се глупости од две причини.

Прво, за радикалните групировки со кои комуницира Зекири 15 милиони се „џебни пари“.

Второ, моментно опозицијата добива финансиска поткрепа барем од четри странски канали.

Вистината е дека „шарените“ се покажаа како многу агресивни, но сепак, беа малубројни. Независно дека кон нив се приклучи дел од соросоидните платеници, тие не надминуваат илјада луѓе. Нивниот број е зависен од хонорарите кои ги добиваат, но надвор од СДСМ се ништо. Од друга страна, масата на СДСМ е пасивна. Приврзаниците на оваа партија можат да демонстрираат, да протестираат, можат да мразат, но како и приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се мирни луѓе.

ЗАТОА ШТО САМИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ СЕ МИРНИ И ПАМЕТНИ. ДИВЕРЗИСКИОТ СТРАНСКИ ПРОЕКТ ИМА ЗА ЗАДАЧА ДА ГО РАДИКАЛИЗИРА СДСМ ПРЕКУ ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИ ‘ШАРЕНИ’, КАКО И ПРЕКУ РАДИКАЛНИТЕ ИСЛАМИСТИ. Целта останува иста како во пролетта – да се судрат Македонци против Македонци, т.е. преку радикализираната маса на СДСМ.

Некој може да праша: Зошто директно не се искористи албанскиот екстремизам како во 2001 година?

Затоа што, ако конфликтот добие етничко обележје поголемиот дел од обичните приврзаници на СДСМ ќе се освестат, а алтернативата ќе биде: Македонци-Албанци. Тоа лидерите на ДУИ и ДПА не сакаат да го прифатат. Таков судир меѓу двете страни би довело до многу голем број на жртви се разбира од двете страни додека неизвесноста би останала до крај. Уште повеќе, мора да се прави разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ во 2001 г. и денешново ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш Љубчо Георгиевски одвај чекаше Македонија да капитулира за да си замине за Бугарија.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БЕШЕ ЦЕЛОСНО ИЗЛАЖАН ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ, ВЕДНАШ ПОТОА ГО ПОТПИШАА КАПИТУЛАНТСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР.

Доказ за тоа е фактот дека две третини од тогашните Македонци беа против тој договор, но немаше кој да ги поведе во борба.

ДЕНЕС СОСТОЈБАТА Е РАЗЛИЧНА.

Македонскиот народ е уште позрел, затоа што има едно на памет. Таа зрелост е предупредување и за самите македонски политичари. Затоа наместо директна диверзија и тероризам, странските кукловоди користат обиколен потфат.

Инфилтрацијата на албанските радикали и на „шарените“ во СДСМ е и заради изборните листи. Зекири и „шарените“ ќе добијат пратенички места и од аспект на имунитет. Тој имунитет им е потребен за вандалствата на улица со кои се обидуваат да окупираат државни институции. Пролетта вандалите на Сорос тероризираа граѓаните и правеа атентати врз спомениците и државните згради, но немаа имунитет. Замислете, каков ќе биде одзвукот вон Македонија ако пратеничката група на СДСМ се фрли во директен напад врз институциите, а увезените терористи би биле водени од пратеникот Зекири. Тогаш терористите ќе бидат третирани како македонски пратеници, борци за демократија. И нема да има потреба како во 2001 г. генералниот секретат на НАТО Робертсон да ги квалификува прво како терористи, а потоа како бунтовници.

Сето тоа, укажува на неколку работи.

САД НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ПРЕКУ СИМНУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ВЛАСТ.

Уште на есен ќе се обидат да го повторат диверзиониот проект од пролетта, а ако не им успее, имаат две варианти: по трет пат СДСМ да се откаже од учество на избори или спроведување на избори како база за иден пуч. Инфилтрацијата на радикалите во СДСМ покажува спремност да се допушти одржување на изборите со релативно мала предност за ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел може да се наметнат неколку прегласувања во региони каде СДСМ е незадоволен од „изборни нерегуларности“. Релативно малата предност на ВМРО-ДПМНЕ и „нерегуларностите“ ќе дадат можност за притисок за „широка коалициона влада“ која треба да го суспендира македонското име (идентитет) и официјално да прогласи федерализација на Македонија. Ако пак, ВМРО-ДПМНЕ не попушти, тогаш влегува во дејствие сценариото за меѓумакедонски судир, во кој Албанците ќе бидат арбитри. Симптоматичен е фактот дека во амбасадата на САД како втор човек дојде соработничка на Клинтон. Изгледа САД мисли дека победата на Клинтон е обезбедена и затоа го одлагаат расчистувањето со Македонија, тоа би можело да се случи по американските избори.

За крај, уште една споредба.

МОМЕНТНО МАКЕДОНИЈА Е ОПКРУЖЕНА ОД НЕПРИЈАТЕЛИ КАКО РУСИЈА. САМО ШТО, ЗА РАЗЛИКА ОД РУСИЈА НИЕ ИМАМЕ НАРОД, АМА НЕМАМЕ ХРАБРИ ПОЛИТИЧАРИ.

Доказ за тоа е и дека Путин пред извесно време истера од државата повеќе од 100 терористички организации поврзани со Сорос и со САД. Македонските политичари ја немаат таа храброст тоа да го направат.

ЗАТОА, ВЕЌЕ 25 ГОДИНИ КАЈ НАС ПОСТОИ АНТИТЕЗАТА: НАРОД – ПОЛИТИЧАРИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.