среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Се уриваат дивите хангари во Кисела Вода

Во Кисела Вода утринава започна уривањето на дивите хангари кои се наоѓаат во складиштето на компанијата во стечај „Пелагонија“.

hangari-kisela-voda

Поврзани вести

Во Кисела Вода утринава започна уривањето на дивите хангари кои се наоѓаат во складиштето на компанијата во стечај „Пелагонија“.

Од 2015-тата година овие магацини се на списокот на уривање, поради денационализација. Барањето овие парцели да се вклопат во деталниот урбанистички план на општината било одбиено уште во 2014-та година.

Низа документи потврдуваат дека складиштата требало да се урнат. Но, иако уште на почетокот на годината, било побарано од полицијата да асистира во уривањето, МВР не обезбедило присуство. Наместо да одговори на повикот, министерството за внатрешни работи водено од Оливер Спасовски го игнорирало барањето два месеци.

hangari-kisela-voda1

Имено, во овие хангари, како што објавуваа медиумите се чува јахтата Ада, која наликува на онаа на која потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со семејството уживаше на грчките плажи.

hangari-kisela-voda2-640x320

Хангарите во кои беа сместени јахтите  во скопската населба Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“ се во сопственост на „Пелагонија“. Газда на оваа фирма е семејството Пановски, со чија ќерка во исклучително блиски релации е токму Радмила Шекеринска.

Најчитани вести