Дивите приклучувачи на струја ја оштетиле ЕВН за 700.000 евра

Од почетокот на оваа година, екипите на ЕВН Македонија, откриле повеќе од 400 кражби на електрична енергија. Кражбите, како што наведуваат од компанијата, се откриени при редовните контроли на мерните места каде има сомнеж дека постои неовластено користење на електрична енергија.

Од компанијата информираат дека на сите корисници кои новластено користеле струја им се поднесени кривични пријави. Досега украдени се 5 милиони киловат часови, со што е наоравена штета од 700.000 евра.

Од ЕВН додаваат дека во споредба со истиот период минатата година, кражбите се двојно намалени, а намалувањето се должи на зголемувањето на затворските казни. Од почетокот  на годината донесени се 165 судски пресуди, од кои за 9 се изречени затворски казни.

Од компанијата додаваат дека најголема штета трпат редовните плаќачи на сметките за електрична енергија, бидејќи поради кражбите, дефектите се почести, а корисниците се соочуваат и со слаб напон.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.