Спорт

Дивјачки стартови на Диего Коста, дали ќе заработи казна од ФА ?!

Дивјачки стартови на Диего Коста, дали ќе заработи казна од ФА ?!

Иако Челзи славеше на вчерашниот натпревар против Ливерпул, натпревар кој се играше во рамките на Кепитол купот, победата остана во сенка на неспортските потези на “шпанскиот” напаѓач во тимот од Лондон, Диего Коста.

Тој на два пати направи потези кои главниот судија не ги виде, но секако нема да поминат неказнето од страна на Фудбалската федерација на Англија.

Коста во различни ситуации направи идентични груби прекршоци, кога ги нагази Емре Чан и Мартин Шкртел, а по прегледувањето на снимките, сигурно ќе се соочи со суспензија, поради што најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Манчестер Сити викендов, кој може да има клучна улога во борбата за титулата.