Дивна Пешиќ победник на „Американ арт 2015“

Ликовната уметничка и шампионка во стрелање, Дивна Пешиќ, ја освои првата награда од реномираните награди „Американ арт 2015“ во категотијата на апстрактни уметнички дела.

Таа се натпреваруваше во конкуренција со уметници од 35 земји од светот, а нејзиното дело масло на платно беше избрано за најдобро според 25 американски уметнички галерии.

Нејзините уметнички слики висат дури и на ѕидовите од Бекингамската палата, а годинава имаше изложба и во македонската амбасада во Вашнгтон.

Инаку, Дивна од поодамна живее во Америка заедно со синчето Стфеан и сопругот Блаже кој исто така е од Кавадарци.