Дивок Ориџи ќе го глуми Луис Суарез

Англискиот премиерлигаш Ливерпул имаше најбрза реакција и излезе како победник во трката по потписот на белгискиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Дивок Ориџи.

Новопечениот репрезентативец на Белгија забележа одличен настап на Мундијалот во Бразил каде постигна еден погодок во дуелот против селекцијата на Русија и со право од првиот тим го истисна напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку.
Англиските медиуми потврдија дека двара клуба постигнале договор околу побараното обештетување од 12 мил. евра, а најавениот трансфер ќе биде комплетиран откако наследниот на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез, ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи.