Магазин

Дизајниран првиот летечки скејтборд

Дизајниран првиот летечки скејтборд

Обожавателите на филмот „Враќање во иднината 2“ многу ќе ги израдува веста дека конечно е изработен првиот летечки скејтборд. Честа прв да го проба овој скејтборд ја имаше професионалниот скејтбордер Тони Хоук.

hoverrr_2

Првиот вистински ховерборд е дизајниран од страна на Грег и Џил Хендерсон.

Пронајдокот работи со помош на технологијата која се нарекува архитектура на магнетното поле. На основата на скејтбордот се прикачени електромагнети кои се одбиваат од секој вид на површина која не содржи големо количество железо во себе.

– Овој изум ќе го промени начинот на транспорт и веруваме дека по овој прототип ќе следат уште подобри и подобрени верзии, вели Грег Хендерсон.

Во компанијата се надеваат дека летечкиот скејтборд ќе се најде во продажба следната година, а намерно или случајно во 2015 тата година Марти Мекфлај, главниот лик во филмот „Враќање во иднината 2“ го возеше својот ховерборд.