Дизел гориво од пластика произведено на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје

Дизел гориво од пластика е произведено на Институтот за хемиско и контролно инженерство на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, со примена на опрема донирана од Окта. Ова е еден од повеќето проекти изведени од лабораторијата на факултетот и вклучува експериментално производство на дизел горива од рециклирана пластика.

Овој експеримент ќе овозможи податоци за перспективната употреба на пластичен отпад во производство на гориво. Доколку е успешен, понатаму ќе може да биде развиен во проект со видливи резултати во блиска иднина.