Дизелот и Еуросупер 95 поевтинуваат

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од вечер на полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 39,50 денари за литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 65,00 денари за литар.

За 0,421 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 26,287 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.