Македонија,Економија

Дизелот поевтин за два, бензините за пола денар

Дизелот поевтин за два, бензините за пола денар

Горивата од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ќе се точат по пониски цени, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде пониска за половина денар и ќе чини 78 денари за литар, а исто толку ќе поевтини и Еуросупер БС 98 кој што ќе се продава по 79,50 денари за литар. Поевтинување од два денари ќе има кај дизело горивото, кое што ќе чини 66 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и со тоа цената ќе биде 55 денари. Цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,731 денари за килограм и ќе се продова по 40,195 денари за килограм.