Ѓоковиќ со фантастични 15 милиони долари заработка за 10 месеци

Ѓоковиќ е првиот тенисер кој успеал за една година да заработи повеќе од 15 милиони долари

Ѓоковиќ во неделата ја освои титулата во Пекинг со победата над Рафаел Надал со 2:0 (6:2, 6:2) за 90 минути игра.

Тоа беше 12-то финале во низа за него, а во 2015 година и осма титула, вкупно 56-та во кариерата. За триумфот во престолнината на Кина најдобриот играч на светот доби 500 бода и заработи 655.724 долари.

Со овој износ Ѓоковиќ ја надмина сумата од 15 милиони долари освоени во оваа сезона и така стана првиот тенисер кој успеал да стигне до такво остварување.

Никој досега низ историјата на тенисот не успеал да заработи повеќе од 15 милиони долари за една сезона, а оваа уште не е готова. До крајот на 2015 година, Србинот ќе настапува на Мастерсите во Шангај и Париз, како и на Завршниот турнир во Лондон.

Ноле од турнирите низ кариерата заработи вкупно 87.268.280 долари со што му се доближи на првопласираниот Рожер Федерер кој има заработено 94.746.573 долари.

Третопласиран на вечната листа е Рафаел Надал со нешто повеќе од 74 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.