Дјук е новиот шампион во НЦАА лигата

Екипата на Дјук Блу Девилс е нов шампион во кошаркарската НЦАА лига откако ноќеска, во големото финале во Индијанаполис го совладаа Висконсин со 68:63.

До триумфот, тимот предводен од американскиот селектор Мајк Кшижевски стигна со пресврт во второто полувреме. На пауза се замина со 31:31, но Висконсин со една серија дојде на предност од девет поени разлика и поведе со 48:39. Со оглед на слабата ефикасност на двата тима, се чинеше дека тука е крајот за Дјук и дека Висконсин ќе ја освои титулата пред своите навивачи кои беа мнозинство во арената во Индијанаполис.

Сепак, на сцена стапија младите Грејсон Ален и Тајс Џонс кои заедно постигнаа 39 поени, од кои 23 во последните 13 минути на второто полухвреме и го донесоа Дјук док посакуваниот пресврт и петтата титула во својата историја. Интересно е тоа што Ален и Џонс се прва година на студии на Универзитетот Дјук и никој не очекуваше дека тие ќе го донесат тимот док триумф, особено ако се знае дека прва ѕвезда кај нив е центарот Џалил Окафор. Сепак, Окафор ја загуби битката со противничкиот центар Камински, но ги имаше со себе храбрите соиграчи кои се изборија за победата.
Токму Френк Камински беше најдобар играч во финалето со 21 поен и 12 скока и ако Висконсин победеше, тој ќе го освоеше МВП признанието. Кај Дјук, Џонс постигна 23 поени, а Ален 16. Џонс беше прогласен и за најдобар играч на финалето.

Излезе дека Индијанаполис е среќен град за Дјук. Таму, Блу Девилс ја освоија својата претходна титула, во 2010 година, а славеа и во 1991 година со Кристијан Лејтнер и Грент Хил во своите редови.