ДКЦ „Карпош“: Манифестација „Го градам мојот град“

ДКЦ „Карпош“: Манифестација „Го градам мојот град“
ДКЦ „Карпош“: Манифестација „Го градам мојот град“

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално во чест на градот Скопје, односно неговото ослободување, ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи „ ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2015.

Оваа манифестација, која се одржува во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, има за цел да ги истакне детските творечки способности, како и  детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

Go gradam mojot grad 2015 (3)

Секоја градинка, како и во изминатите години ќе ја претставува екипа од 5 дечиња, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи или природни материјали како лисја, дрвца и друго).

Градинките чиишто дечиња се учесници на оваатрадиционална  манифестација добија и  симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар „Карпош“.

Go gradam mojot grad 2015 (1)