ДКСК: Јавна опомена за две лица за судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицата Исни Сума  и  Муса Муслија поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси:

Исни Сума– повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата Член на Надзорен одбор во Јавно Сообраќајно Претпријатие – Скопје ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДТУ„ДАРДАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ ДООЕЛ, Скопје.

Муса Муслија – повреда на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси – истовремено со  функцијата член на Одбор на директори во АД „Водостопанство на РМ “ – Скопје ја извршува и  функцијата управител на трговско друштво – ДПТГ ПРО – ИНЖЕНЕРИНГ ДОО експорт –импорт Тетово.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето  доброволно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.

Исни Сума и Муса Муслија не постапија по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да и се изрече мерка  јавна опомена.

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси  мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената  мерка ЈАВНА ОПОМЕНА  на наведените лица со цел нивно објавување во јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.