Дмитри Булатов раскажа за мачењата на кои бил подложен

Украинскиот демонстрант Дмитри Булатов кој е се наоѓа на лекување во литванската болница, денес изјави дека киднаперите го принудиле да признае дека е американски шпион пренесе „АФП“.

„Ме натераа да зборувам пред камера и да кажам се’ што тие сакаат, дека сум американски шпион, дека САД ми дале пари за Мајдан и дека Американците ме натерале да создавам немири против нашата Влада“, изјавил Булатов.

Тој додал дека бил удиран со жешко железо и бил подготвен да каже се’ само за да запре тортурата врз него.

„Си реков дека сигурно се вработени на руските специјални служби. По начинот на кој ме тепаа, заклучив дека се професионалци“, раскажува уште Булатов.