Дневен хороскоп (03.04.2014)

Овен

Со партнерот се’ подобро се разбирате. Паричните добивки нема веднаш да ви бидат исплатени, но бидете трпеливи. Здравјето ви е добро.

Бик

Не реагирате толку емотивно како претходно. На работа е добро, заработката не е голема, но е сигурна. Немате проблеми со здравјето.

Близнаци

Не обрнувајте внимание на зборовите на партнерот. Упорноста и истрајност ве носат до посакуваната цел. Здравјето ви е добро.

Рак

Со партнерот сте во фаза на планирање на иднината. Благодарение на искуството, ќе ги надминете потешкотиите. Синусите ќе ви бидат чувствителни.

Лав

Емотивната хармонија ви е најважна. Имате доволно храброст за ризични потфати. Можна е помала добивка. Здравјето ви е добро.

Девица

Ви претстои сериозен разговор со партнерот. На полето на кариерата се’ е под контрола. Уживате во работата. Здравјето ви е постабилно од вчера.

Вага

На емотивен план очекувајте нови изненадувања. Со нечија помош ги решавате финансиските проблеми. Здравјето ви е стабилно.

Скорпија

Партнерот повеќе го цени вашето мислење, но работи по свое. Најдобро се снаоѓате во тешки ситуации. Финансиите ви се стабилни. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Ви годи друштвото на партнерот. Помалку сте нервозни. Поради добрите дела, ќе добиете помош секогаш кога ви е потребно. Повеќе одморајте се.

Јарец

Вистински момент е да ги решите недоразбирањата. Некогаш е подобро да ги послушате помладите соработници. Здравјето ви е во ред.

Водолија

Една личност е посебно упорна во намерата да ве освои. Ви недостасува повеќе трпение. Добивката е сигурна. Немате проблеми со здравјето.

Риби

На љубовен план е постабилно. Ви се нудат подобри решенија, само треба да ги прифатите. Немате проблеми со здравјето.