Магазин

Дневен хороскоп (04.02.2014)

Дневен хороскоп (04.02.2014)

Овен

Кратката одвоеност со партнерот ќе го зајакне заедничкиот однос. Ситуацијата на полето на кариерата драстично ќе се поправи. Здравјето ви е добро.

Бик

Во љубовта се’ е по старо. Преиспитајте некои свои постапки и самите ќе увидите каде сте погрешиле. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Се ближи интересен период на емотивен план. Организирајте се и прифатете го сето она што ќе ви ја олесни работата, затоа не го бирајте потешкиот пат. Здравјето ви е добро.

Рак

Во љубовта ќе биде се’ во ред доколку сте искрени. На работа нема место за суета, бидејќи не можете се’ сами да направите. Здравјето ви е добро.

Лав

Зрачите со оптимизам, па партнерот подобро се чувствува кога е со вас. Не се изложувајте на непотребен ризик и внимателно со кого се договарате. Здравјето ви е добро.

Девица

Убаво ви е во љубовта, но се плашите нешто да не се промени. Премногу се потпирате на работите кои што ќе ги чуете од вашите колеги. Вистината е секогаш на средина. Ќе се чувствувате преморени.

Вага

Не ги надминавте проблемите во врската. Ве иритира една личност со која што соработувате. Единствено нешто што можете да направите е да ја игнорирате. Можни се психосоматски проблеми.

Скорпија

Им верувате на пријателите и поради тоа имате проблеми во љубовта. Денеска ќе добиете важна деловна понуда. Ќе имате поголема слобода во одлучувањето. Здравјето ќе ви биде подобро.

Стрелец

Во љубовта повторно почнавте да се сомневате. Потребно е прво да проверите, па дури потоа да го обвините партнерот. Конечно се изборивте со финансиските потешкотии. Здравјето ви е добро.

Јарец

Доколку ви е важен партнерот, покажувајте му го тоа. Следете го она што го чувствувате, посебно кога работата е во прашање, и нема да погрешите. Можни се и помали трошоци. Здравјето ви е чувствително.

Водолија

На емотивен план се’ е добро. Шефот реши да не ви гледа низ прсти кога нешто ќе погрешите. Не сте во кондиција да се заморувате.

Риби

Не ги кријте своите желби и намери, но партнерот има поинаков впечаток. Посветете малку повеќе време за да ги средите потребните документи. Здравјето ви е добро.