Магазин

Дневен хороскоп (05.02.2014)

Дневен хороскоп (05.02.2014)

Овен

На емотивен план нема да има значајни промени. Обидете се идеите кои што ги имате да ги реализирате. Добро се чувствувате.

Бик

Емотивната идила може да биде нарушена уште утре. Разговор со вистинска личност во вистински момент добро ќе ви дојде. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Вкрстете ги силите со партнерот. Помалку зборувајте пред колегите, бидејќи некој може да ви ги злоупотреби информациите. Здравјето ви е добро.

Рак

Зафатените личности не треба да ве интересираат. Денеска ќе бидете одлично расположени, силни и подготвени за паметна акција. Можно е да качите некој килограм повеќе.

Лав

Постои личност која ви е важна и која следи се’ што ви се случува. На работа или ќе доживеете целосно успех или ќе биде целосно промашување. Здравјето ви е влошено.

Девица

Влеговте во врската која што започна тајно, но сега може да се опуштите. Денеска е поволен ден за работа. Ослободете се од сите стравови кои што ги имате.

Вага

Нема повеќе напнатост меѓу вас и вашиот партнер. Добро се носите со обврските, покрај семејните потешкотии. Можна е пречувствителност.

Скорпија

Со партнерот треба да разјасните уште многу работи. Ви претстои важна средба, но вистинската завршница очекувајте ја за неколку дена. Здравјето ќе ви биде добро.

Стрелец

Не ја комплицирајте врската без потреба. Не е лесно како што ви се чини. Добро размислете за условите кои што ви се нудат. Здравјето ви е добро.

Јарец

Оставате впечаток на личност која не се грижи за ништо, но не е така. Ќе ви се укаже прилика дополнително да заработите пари. Можни се осцилации во расположението.

Водолија

Лесно ги шармирате другите. Немојте да ја работите работата по секоја цена. Бидете внимателни каде ги оставате важните предмети. Можно е да загубите документи. Можни се проблеми со храната.

Риби

Колкавата и да е разликата меѓу вас и партнерот вие сепак добро се разбирате. Мора да се промените за да се променат и околностите. Можни се проблеми со притисокот.