Дневен хороскоп (06.12.2013)

Овен

Доколку се подготвувате за пат во странство, добро внимавајте на документите. Можни се помали компликации во текот на возењето. На емотивен план главна задача ви е да ја одржите врската.

Бик

Денеска главниот проблем ќе биде на полето на финансиите. Постои можност да загубите пари или некој пријател да ве изманипулира. Доколку имате деца, обрнете малку повеќе внимание на нив. Кријат многу работи од вас.

Близнаци

Некој од работа ќе ви вети нешто што не може да ви го исполни. Денеска конечно ќе сфатите дека од тоа нема ништо. Нова деловна можност ќе ви се појави за брзо време. Избегнувајте да го лажете партнерот.

Рак

Во работата денеска ќе покажете поголем интерес за она што е актуелно, но ќе го завршите тоа што ви беше многу важно. Здравјето ви е релативно добро. Можни се потешкотии со дишењето.

Лав

Доколку сте без работа, многу брзо може да очекувате нов почеток. Можни се придвижувања. До вас ќе стигнат различни поволни вести. Постои можност да се вратите на работа која претходно сте ја работеле.

Девица

Работата ви оди релативно добро, но често ви подметнуваат сопки. Мора сами да се изборите за своето место. Важно е да процените кому можете да му верувате. на повидок е нова љубовна врска.

Вага

Ве очекува успешен ден во кој сите ќе бидат на ваша страна, посебно партнерот. Вистинска прилика е отворено да разговарате доколку сакате нешто да промените. Премолчувањето нема да ги реши проблемите.

Скорпија

Секогаш сте подготвени да им помогнете на пријателите, но мора да бидете внимателни. Не се сите искрени кон вас. Доколку денеска позајмите пари, очекувајте потешкотии кога ќе дојде време за враќање на долгот. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Денеска работата нема да ви оди добро, посебно доколку имате проиватен бизнис. Приливот на пари може да го очекувате за некој ден. На партнерот јасно ќе му ставите на знаење дека се сомневате во она што го зборува. Здравјето ви е добро.

Јарец

Имате многу идеи за да може тоа што го работите да го подигнете на повисоко ниво, но ви недостасува верба. Лошата концентрација може да ви создаде проблеми. Можна е непланирана добивка. Здравјето не ви е стабилно.

Водолија

Денеска треба да мирувате во секоја смисла бидејќи може да направите несакани потези кои нема да бидат добри за вас. Во овој момент немате пари, но во следните денови ќе ви биде вратен долгот. Ви претстои убава средба.

Риби

Немате јасна слика за партнерот, а со самото тоа немате можност да постапите правилно. Почекајте уште малку. Финансиската ситуација не е лоша. Можна е алергиска реакција на лек, па затоа бидете посебно внимателни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.