Магазин

Дневен хороскоп (07.02.2014)

Дневен хороскоп (07.02.2014)

Овен

Можно е партнерот да ја одложи заедничката средба. Започнува период во работата во кој што често се премислувате или ќе ги повторувате грешките. Конечно ослободете се од лошите навики.

Бик

Минливи се емотивните проблеми. Полека почнавте да ја градите кариерата. Кога е здравјето во прашање релативно добро се чувствувате.

Близнаци

На љубовен план полека поминува љубовниот занес. Не гледате решение на ситуацијата на работното место, па не е лошо да ги обновите старите контакти. Потребен ви е поголем мир за да се одморите.

Рак

Денеска емоциите ќе ви бидат пренагласени, па љубомората ќе биде се’ поизразена. Анализирајте го сето она што било, па ќе ги воочите грешките. Здравјето ви е добро.

Лав

Во љубовта станувате поопуштени. На работа најдобро е да останете нем набљудувач и да не го кажувате она што навистина го мислите. Ќе чувствувате дека ви недостасува енергија.

Девица

Се оддалечивте од вашите блиски. Денеска бидете трпеливи на работен план, бидејќи околностите не ви одат во прилог. Можно е да ве измачува несоница.

Вага

Ја исцрпувате енергијата на партнерот, но ниту тој не ви останува должен. Работното патување кое што го планиравте може да се откаже во последен момент. Чувствителен ви е респираторниот систем.

Скорпија

Една личност дојде, направи огромни промени и сега си заминува. На работ ви е енергијата и трпението и сето тоа ќе потрае уште некое време. Здравјето ви е чувствително.

Стрелец

Од љубовната идила ве одвојува меѓусебната недоверба. Променете го деловниот простор и ќе ги почувствувате позитивните промени. Многу подобро се чувствувате за разлика од претходните денови.

Јарец

Партнерот покажува се’ поголема склоност, па немојте тоа да го злоупотребувате. По дипломатски пат ќе може да ги решите сите недоразбирања на работа. Крајно време е да се изборите со сите стравови.

Водолијa

Ви одговара врската во која што се наоѓате. Проблемот со надредените може да биде многу покомплициран. Здравјето ви е добро.

Риби

Доколку сте во тајна врска, партнерот ќе инсистира на промени. Колку и да работите сето тоа нема да биде доволно. Не е лошо да го проверите срцето и крвните садови.