Дневен хороскоп (07.03.2014)

Овен

Се вознемиривте поради одредени настани што се случуваат во љубовта. Можно е да ви се расипе колата, па подгответе се за нови трошоци. Здравјето ви е добро.

Бик

Партнерот постојано ги одложува вашите планови бидејќи не знае што сака. Имате повеќе самодоверба и верувајте во тоа. Здравјето ви е променливо.

Близнаци

Во заблуда сте, бидејќи ништо не се решава без разговори. Ќе имате проблеми, а ќе ви биде тешко бидејќи платата ви доцни.

Рак

Партнерот има цврсти ставови кои ве нервираат. Се чувствувате вознемирено, па не реагирате како што треба. Можна е мигрена поради напнатост.

Лав

Убав ден за убаво излегување со партнерот. Не можете се’ сами да направите, финансиите ви се нестабилни. Здравјето ви е чувствително.

Девица

Сомнителноста во врската е неоснована. Некој ќе ја изигра вашата доверба, помал е успехот од очекуваното. Здравјето ви е добро.

Вага

Потребата за слобода станува се’ поголема. Доколку сакате да бидете со пријателите, ќе имате возбудлив ден. Премногу брзо ги трошите парите. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Не започнувајте нова врска. Им го наметнувате своето мислење на другите и сакате да ја истуркате правдата до крај, но често не сте во право. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Една личност која скоро излезе од сериозна врска ќе флертува со вас. Работата добро ви оди иако некој ви работи зад грб. Добро се чувствувате.

Јарец

Можеби ќе се најдете во љубовен триаголник. Не е вистински момент за почеток на нов проект. Обрнете посебно внимание на почитување на законските рокови. Можни се болки во долниот дел на нозете.

Водолија

Ќе бидете незадоволни и ќе имате се’ помалку доверба во другите. Лошата концентрација и намалената самодоверба нема да ви помогнат. Здравјето ви е постабилно.

Риби

Партнерот ќе премолчи нешто што е поврзано со работата. Опуштете се, бидејќи работата не ви товар туку предизвик. Здравјето ќе ви биде чувствително.