Дневен хороскоп (07.04.2014)

Овен

Тајната љубов цвета, но внимавајте што правите. Надредените од денеска ќе бараат многу повеќе од вас. Можна е помала добивка. Можно е покачување на притисокот.

Бик

Партнерот се’ повеќе ви се посветува, па затоа се чувствувате прекрасно. Држите до себе и до своите принципи, но избегнувајте судири. Здравјето ви е добро.

Близнаци

На партнерот секогаш можете да се потпрете. Некои работи успеавте да ги завршите. Подгответе се за нови потфати. Немате проблеми со здравјето.

Рак

На емотивен план е стабилно. Ќе имате проблеми со шефот и колегите. Здравјето ви е добро.

Лав

Пријателите решија да ви помогнат во пронаоѓањето сродна душа. На полето на кариерата засега е добро. можни се помали трошоци. Следните денови водете сметка за здравјето.

Девица

Уживајте во романтичните дружења и долгите разговори. Обврските ви стануваат се’ поголеми, а вам се’ помалку ви се работи. Можни се хронични тегоби.

Вага

Уживате во коментарите и вниманието од другите. Немате доволно пари, но тоа не треба да ве загрижува, бидејќи најлошото помина. Здравјето ви е добро.

Скорпија

Време е да се одлучите, бидејќи не можете да седите на две столчиња. Кога е работата во прашање не избрзувајте, полека разгледајте ги сите можности. Одлично се чувствувате.

Стрелец

Бидете опуштени и уживајте во љубвоната игра. Со причина се сомневате во одредени соработници. Здравјето ви е стабилно.

Јарец

Партнерот ужива во добра храна, затоа изненадете го со нешто вкусно. Кога е работата во прашање потребен ви е силен почеток и потоа се’ ќе биде добро. немате проблеми со здравјето.

Водолија

Премногу сте тврдоглави, па затоа се можни проблеми. Тежнеете кон повисока позиција, но засега не ги исполнувате сите услови. Здравјето ви е променливо.

Риби

Вистинско време е за сериозна врска или брак. Една личност богато ќе ве награди поради нешто што сте направиме. Здравјето ви е добро.