Дневен хороскоп (08.04.2014)

Овен

Се обидувате партнерот да го држите во неизвесност. Ве очекува многу работа надвор од работното место. Бидете безгрижни финансиите ви се стабилни. Здравјето ви е добро.

Бик

Еден пријател почна да флертува со вас. Парите брзо ги трошите без да размислите за последиците. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Им забележувате на другите повеќе одошто би требало. Целосно сте растоварени бидејќи ви одговара окружувањето на работа. Здравјето ви е добро.

Рак

Наскоро е можно ново пријателство. Се’ зависи од тоа како ќе се организирате. Немате проблеми со здравјето.

Лав

Во врската има страст, но нема блискост. Имате големи амбиции, но не е вистинско време да ги потрошите. Здравјето ви е чувствително.

Девица

Во врската владее идила, но и понатаму сте посесивни. Решивте на сите да им го кажете она што го мислите, без да се воздржите. Здравјето ви е добро.

Вага

Правите се’ да и’ се допаднете на една личност, но тоа го правите на погрешен начин. Имате доволно способност, само бидете упорни. Немате проблеми со здравјето.

Скорпија

На емотивен план немате потешкотии. За се’ може да се изборите на убав начин. Чувствителен ви е кардиоваскуларен систем.

Стрелец

Партнерот поради нешто е многу вознемирен. Немојте да го одложувате решавањето на реалните работи. Здравјето ви е стабилно.

Јарец

Немојте да се срамите да ги покажете емоциите. Сакате многу работи да ги промените преку ноќ, а тоа не е возможно. Забавете го темпото на животот.

Водолија

Расте напнатоста меѓу вас и партнерот. Обидете се да договорите надвор од судовите. Можни се поголеми трошоци. Здравјето ви е добро.

Риби

Привлекувате внимание поради вашата појава и држење. Трошоци и долгови на сите страни. Здравјето ви е променливо.