Дневен хороскоп (10.03.2014)

Овен

Доколку сте сами, очекувајте одличен почеток на врската. Полето на кариерата е стабилно. Успехот доаѓа без голем труд. Бидете внимателни бидејќи се можни повреди.

Бик

Во љубовта ви одговара незадолжителна врска. Денеска ќе имате лоша комуникација со соработниците. Стомакот ќе ви биде чувствителен.

Близнаци

Не ги слушајте советите на другите, туку постапувајте како чувствувате. Времето ве ограничува, но мали се шансите да ги завршите работите на време. Здравјето ви е чувствително.

Рак

Ве очекува интересна средба. На полето на кариерата не се чувствува ништо. Засега како да стоите во место. Не е лошо да почнете со диета.

Лав

Лошото влијание на семејството влијае на љубовната врска. Работата ви носи мала и нередовна заработка. Здравјето ви е добро, но повеќе движете се и пијте течности.

Девица

Тајната афера на работата нема долго да трае. Не сте дисциплинирани, ниту сконцентрирани на работата, па се’ потешко ќе ги завршувате обрските. Можна е мала настинка.

Вага

Пред вас е интересен ден за љубовни средби. Ќе ви одговара друштвото на партнерот. Чекате нешто да се промени, но тоа ќе се случи за неколку дена. Здравјето ви е чувствително.

Скорпија

Немојте да дозволите мислењето на пријателите да биде пред вашите очекувања. По долго време може да се опуштите. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Партнерот не покажува разбирање тогаш кога очекувате. Верувајте во себе и во ова што го правите дури и кога добивате критики за тоа. Здравјето ви е добро.

Јарец

Убав ден за љубов и опуштање во домашна атмосфера. Денеска нема да бидете во состојба рационално да размислувате. Здравјето ви е добро.

Водолија

Привлекувате се’ повеќе внимание, па ќе имате повеќе прилики за нова врска. Моментално можностите не ви се големи, но не бидете очајни. Здравјето ви е добро.

Риби

Ви здодеа постојано да ве критикуваат. Имате добар план, но можеби не е вистински момент да започнете со реализација. Здравјето ви е добро.