Дневен хороскоп (11.03.2014)

Овен

Уживате во флертот особено со зафатена личност. Денеска во преден план ќе ви бидат лошите односи со пријателите. Можна е зголемена нервоза.

Бик

Партнерот ве оптоварува со своите коментари. Атмосферата на работа ќе биде поопуштена од вообичаено. Но, ќе бидете под одреден притисок. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Можно е ново пријателство преку некој ваш близок човек. Денеска не треба да се оптоварувате со детали, туку да го завршите она што ви е приоритет. Здравјето ќе ви биде полошо.

Рак

Имате лоша комуникација со партнерот. Чувствителноста може да ги искомплицира работите. Здравјето ви е променливо, па најдобро е да посетите доктор.

Лав

Во љубовта се’ уште е напнато, но од утре очекувајте подобрување. На работа уживајте во слободата која ја имате. Новите задолжувања не ви се проблем. Можни се проблеми со ‘рбетот.

Девица

Пријателите се’ почесто ви зборуваат за една личност за која сметаат дека е добра прилика за вас. Поради лошите одлуки можете да останете дури и без работа. Здравјето ви е чувствително.

Вага

Зрачите со шарм, па секаде ве забележуваат. Кризата на полето на кариерата до утре ќе помине. Немате проблеми со здравјето.

Скорпија

Влеговте во љубовна замка и не знаете како да се поставите. Денеска нема да бидете фокусирани на работата. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Нема да имате проблеми во љубовта. Се наоѓате во фаза кога повеќе пати треба да мерите, а еднаш да прсечете. Финансиите ви се нестабилни. Здравјето ви е добо.

Јарец

Не долевајте масло на огнот. Партнерот ќе биде понервозен од вообичаено. Премногу се карате, а многу малку работите. Немате проблеми со здравјето.

Водолија

Понекогаш ви пречи пренагласената грижа на партнерот. Кариерата ви е посебно важна овие денови, но вие сте премногу плашливи и несигурни. Можни се проблеми со синусите.

Риби

Периодот на недоразбирања со партнерот е зад вас. Поволните деловни промени ќе почнат дури од следната недела. Здравјето ви е добро.