Дневен хороскоп (12.12.2013)

Овен

Чувствувате пад на енергијата, но сето она што е пред вас, ви дава сила да продолжите понатаму. Го решавате она што е важно во врска со финансиите и во врска со еден член од семејството. Имате чувство дека среќата ви го заврте грбот. Но, ќе има настани кои што ќе ве уверат дека не е така.

Бик

Дајте си малку време и не размислувајте многу за деловните активности. Се’ работите рутински. Ве исполнува времето кое што го поминувате со драги лица. Задржете го тоа чувство. На повидок се важни емотивни промени.

Близнаци

Се’ уште не ве напушта чувството дека се соочувате со потешкотии. Вашиот природен оптимизам сепак ќе излезе на површина. Ова е последниот „удар“ кој што ве очекува. Повеќе размислувате за некои работи кои не се менуваат, одошто да постои можност нешто лошо да се случи.

Рак

За вас ова е најсреќниот ден да смените нешто или да се расправате. Чувствувате извесна неправда во односите, но не е момент да реагирате. Оние кои се во врска може да дадат добар и важен совет, но немојте да се вознемирите доколку не ве послуша партнерот. Само собирајте поени и продолжете понатаму.

Лав

Премногу се грижите за работите кои што ве очекуваат во блиска иднина. Емоциите ве влечат на една, но рационалноста на друга страна. Совет е сепак рационално да ги согледате моменталните околности и да се пронајде решение.

Девица

Можно е да почнете тајна врска или ќе ви се допадне личност која живее далеку. Нагласена е потребата е емотивно да се заштитите. Доколку можете насочете го вниманието кон материјалното, бидејќи ќе ви оди од рака. Имате одлични идеи.

Вага

Од една страна имате потреба за лична слобода, а од друга страна потреба за посебен конкретен однос. Овие контрадикторни емоции ќе потраат уште неколку дена. Не носете никакви важни деловни или емотивни одлуки. Ве опушта природата и стимулативните разговори.

Скорпија

Денеска расположението ќе ви биде променливо. Низ главата ви се врти дека не сте донеле одлука поврзана со иднинте планови, особено оние кои имаат врска со странство или странци. Не бидете импулсивни и добро размислете пред да кажете нешто.

Стрелец

Причината поради која не можете да се опуштите е врзана со финансиите или некоја емотивна приказна која е на „стаклени нозе“. Музиката е таа што ќе ви го подобри расположението.

Јарец

Некои промени ви изгледаат далечни. Не сте во право. Денеска ќе ги нагласите сите можни промени. Послушајте го советот на пријателите или од нив побарајте помош. Се’ уште не можете да конкретизирате некои работи кои што ви се важни. Само не брзајте со промените.

Водолија

Блиски сте со лица кои се на одредена положба, а тоа почна да ве оптоварува. Сакате да го покажете својот иновативен и ексцентричен дух. Не е време. Независноста или сигурноста која ја посакувате можно е да се остварат. Бидете трпеливи.

Риби

Како да ви се отворија очите во изминатите неколку недели. Денеска ќе бидете премногу остри кон другите. Слободните сакаат да се приближат до симпатијата. Денеска може да имате средба со личноста која ви значи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.