Дневен хороскоп

Овен

Некој ваш неоткриен талент може да излезе на виделина, кој би можеле да го искористите во вашата понатамошна кариера. Физички се чувствувате добро и силно. Ова е викенд на нови предизвици.

Бик

Информацијата која ќе ја добиете од некој пријател би можела да ве растевожи. Ова е викенд за нови искуства, па зошто да не ја поканите на кафе личноста од која веќе подолго време ви се допаѓа?

Близнаци

Денес ќе се разбудите спремни за освојување на светот. Возбудата и ентузијазмот ќе ја исполнат вашата душа. Искористете го максимално денот и започнете некој проект, или посветете се на вашето тело.

Рак

Овој викенд ќе бидете полни со енергија, така што сте спремни да прифатите сѐ што ќе ви се најде на патот. Тоа е добро, бидејќи можеби ќе се соочите со некои предизвици кои ќе имаат длабоко влијание на вашиот живот.

Лав

Во сабота можно е да добиете покана за некој важен настан. Ова би можело да биде шанса да запознаете важни луѓе кои ќе допринесат во вашата кариера. Доколку не сте во врска, тогаш денешниот ден би можел да ви донесе многу позитивни изненадувања.

Девица

Доколку сте во врска, можете да очекувате вашата врска да отиде на едно ниво погоре. Би можеле заедно со вашиот партнер да го одредите датумот на венчавката. Доколку не сте во врска, очекувајте да запознаете некоја нова личност.

Вага

Некоја изненадна одговорност која се очекува од вас и можела да ви ги расипе плановите во врска со некое патување. Ова за вас може да биде фрустрирачки, но не дозволувајте тоа да ве растажи. Штом ќе се погрижите за она што морате, продолжете со старите планови.

Шкорпија

Викендов ќе бидете полни со љубовна енергија. Можно е и вашиот партнер така да се чувствува. Искористете ги овие два дена  најрационално и разгорете ја веќе постоечката страст во врската. Здравјето е добро, но внимавајте на исхраната.

Стрелец

Некое друштвено случување може да ве стави меѓу многу луѓе – пријатели и познаници. На љубовен план сѐ е добро, но потрудете се повеќе време да поминувате со партнерот и да ја вратите страста во врската.

Јарец

Можни се мали расправии со партнерот, но не дозволувајте тоа да ве растревожи. Наместо тоа, излезете некаде со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Сабота е поволен ден за рекреација и за кардио вежби.

Водолија

Недоразбирањето со саканата личност би можело да ви го одвлече вниманието од професионалните обврски. Не дозволувајте негативните чувства да дојдат до израз, држете ги под контрола. До крајот на викендот, работите повторно ќе дојдат на место.

Риби

Со некои работи едноставно нема да можете да излезете на крај. Можни се конфликти со блиски личности. Едноставно, ова е уште еден од деновите кои најдобро е да ги престпиете. Од утре сѐ ќе се врати во нормала.