Дневен хороскоп (13.12.2013)

Овен

За разлика од претходните денови, нема да бидете под притисок дека се’ мора да направите совршено добро или подобро од другите. На работа атмосферата ќе биде опуштена, а вие ќе бидете помирни. Ве очекува добивка.

Бик

Денеска најголемиот дел од времето ќе го поминете барајќи туристички аранжман за претстојните празници. Нема да имате многу среќа, но не дозволувајте тоа да ве депремира. За многу брзо време ќе заминете на патување.

Близнаци

Иако сте во период во кој на сите работи гледате со многу повеќе оптимизам, денеска малку ќе потклекнете. Ќе имате повеќе грижи, најмногу поради семејството. Доколку си најдете соодветен деловен партнер, можете да профитирате.

Рак

Овие денови ќе биде помалку напнато на полето на кариерата, но и во семејството. Тешко ќе успеете да ја одржите хармонијата во односите, но денеска ќе биде полесно. Постои можност од партнерот да добиете скап подарок.

Лав

Имате доволно енергија и самодоверба работите да ги доведете до самиот крај. Нема потреба да бидете загрижени. Обрнете внимание како се однесувате кон колегите.

Девица

Вистински момент е да се ослободите од непотребните и стари работи. Почнете со средувањето на местото каде што работите. На полето на финансиите ќе биде подобро. Немојте да размислувате околу претходните љубовни врски. Тоа само ќе ве исцрпи.

Вага

Денеска ќе бидете мрзеливи и депресивни, што е целосно спротивно од вашата природа. Потрудете се проблемите да ги гледате со повеќе оптимизам. Здравјето ви е чувствително. Здравјето ви е чувствително.

Скорпија

Денеска ќе биде исклучително поволен ден за разговори и средби, посебно деловни. Лесно ќе успеете да ги решите сите пречки. Во љубовта е нестабилно бидејќи не сте биле доволно искрени кон партнерот.

Стрелец

Размислувате за официјализирање на врската и основање на семејството. Многу сте близу до донесувањето на одлуки, но почекајте уште некое време. Постои можност преку ноќ да ја промените ситуацијата. Финансиите ви се стабилни.

Јарец

Денеска семејството ќе ви биде на прво место, но ниту кариерата нема да ја заборавите. Постои можност да добиете поголема сума на пари или да склучите профитабилен договр доколку имате приватен бизнис.

Водолија

Многу е важно во следните денови да бидете трпеливи и кон работата пристапувате посериозно. Немојте да ризикувате туку бирајте само сигурни финансиски одлуки. Ви претстои убава љубовна средба. Здравјето е добро.

Риби

Ќе почувствувате одредени промени кои ќе започнат со чувствување или повлекување. Ќе се појават и некои стари стравови. Можеби е време да се потпрете на партнерот и да не размислувате премногу.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.