Дневен хороскоп (16.01.2014)

Овен

Ниту кризата на емотивен план нема да ве заобиколи. Денеска ви претстои стресен ден на работа и вистинска борба за опстанок. Здравјето ви е добро.

Бик

Можно е да ставите крај на врската во која што се наоѓате. Денеска ќе бидете полошо расположени, па се извесни конфликти со соработниците. Бидете внимателни бидејќи здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Можеби ќе бидете нервозни поради една личност со која соработувате. Кога станува збор за работата ја загубивте врската со реалноста, па нема да забележите одредени важни детали. Најдобро е повеќе време да поминете во друштво на вашите најблиски.

Рак

Очекувајте потешкотии поради љубоморниот партнер. На работното место најдете си замена кога ќе почувствувате дека работата не ви оди онака како што треба. Не грижете се за здравјето бидејќи се’ е во ред.

Лав

Партнерот ќе се потруди да ве расположи. Немојте да ја терате правдата особено во присуство на шефот. Чувствителен ќе ви биде долниот дел од стомакот.

Девица

Постои можност во љубовта да дознаете нешто што нема да ви се допадне. Партнерскиот однос во работата не е најдобро решение за вас. Здравјето ви е добро.

Вага

Ќе ја продолжите врската која што не е добра, па очекувајте проблеми. Изберете го вистинскиот момент за да се истакнете меѓу останатите. Здравјето ви е чувствително.

Скорпија

Своето незадоволство го пренесувате на партнерот. Ве загрижува тоа што ви недостига самодоверба поради некои претходни грешки. Можни се помали проблеми со здравјето.

Стрелец

Партнерот планира некаде да отпатувате заедно за време на викендот. Можни се одредени финансиски проблеми. Бидете внимателни со коските и кожата.

Јарец

Љубовната идила накратко ќе биде нарушена поради вашите деловни проблеми. Потрудете се на работното место да не ги повторувате истите грешки. Грлото ќе ви биде чувствително.

Водолија

Можно е партнерот денеска да дознае за вашите љубовни излети. Не губете време постојано да размислувате како да дојдете до целта. Здравјето ви е добро.

Риби

Партнерот има други приоритети, па би требало да го разберете. Кога ќе ве стигнат финансиските проблеми, ќе ви пристигнат парите. Бидете внимателни особено во сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.