Дневен хороскоп (17.02.2014)

Овен

Доколку некој ве отповарува со дополнителни барања, променете ги почетните критериуми и потсетете ги соработниците на правилата за убаво однесување. Изгледате помалку вознемирено поради новите настани во приватниот живот. Избегнувајте го стресот поради вашето здравје.

Бик

Изгледате премногу строго и се’ почесто размислувате за работите кои што не ви се достапни. Кон партнерот бидете доволно искрени и внимателни. Ќе почувствувате олеснување по искрен разговор со една блиска личност.

Близнаци

Одредена доза на мистичност може да ви донесе дополнителна непријатност или компликација во соработката со колегите. Кога е љубовта во прашање важно е да одредите појасна граница за да знаете што да очекувате. Нема да имате проблеми со здравјето.

Рак

Договорот кој што го имате со една личност не ветува многу, но и понатаму се одбивате да помислите на прекин во соработката. Емотивните ситуации стануваат многу комплицирани. Здравјето ви е добро, но не е лошо повеќе време да поминувате на отворено.

Лав

Присуството на една личност ве охрабрува, бидејќи отвора и шири нови можности за деловна соработка. Нема причина да се залажувате со големите емотивни очекувања. Здравјето ви е чувствително.

Девица

Добрите насоки кои што ги добивате од соработниците се одлична основа за деловен успех. Потребна ви е доза на одлучност и емотивна самодоверба. Движете се повеќе за да ви биде здравјето подобро.

Вага

Делувате самоуверено во различни ситуации и подготвени сте да ги дефинирате вашите деловни ставови. Денеска посебно ќе уживате во друштво на вашите блиски личности. Добро ќе ви дојде малку забава за да се чувствувате подобро.

Скорпија

Потребни ви се доверливи соработници кои во целост ги почитуваат вашите креаитвни идеи. Нештата на кои што им обрнувате посебно внимание не наидуваат на интерес кај партнерот. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Доколку се споредувате со своите колеги, вашата голема предност е во тоа што го избегнувате стереотипното однесување. Посветете повеќе внимание на личноста која е емотивно расположена за вас. Немате проблеми со здравјето.

Јарец

Не учествувајте во расправија поврзана со деловните цели, бидејќи меѓу соработниците секогаш постојат различни интереси. Не сакате емотивна утеха, но нечие однесување ве потсетува на една личност. Добро ќе ви дојде малку психофизички одмор.

Водолија

Доколку сте доволно мудри, ќе обрнете внимание на различните корисни информации за некои нови деловни прилики. Внимателно анализирајте ги новите случувања во приватниот живот. Бидете малку повеќе внимателни со режимот на исхрана.

Риби

Прецизноста и снаодливоста во комуникацијата изгледаат успешно во одредени алтернативни ситуации. Обрнете повеќе внимание на коментарите на вашиот партнер. Здравјето ви е добро.