Дневен хороскоп (17.12.2013)

Овен

Денеска ќе бидете активни. Доколку имате било какви деловни разговори, потрудете се да бидете смирени, но и многу конкретни, посебно доколку станува збор за финансиите. Во љубовта е постабилно.

Бик

Успехот ве следи, само немојте да бидете нетрпеливи. Приливот на пари не е голем, но е почест. Чувствувате голем притисок кога сте со саканата личност. Здравјето ви е добро, иако имате проблеми со грбот.

Близнаци

На работата ви одговара атмосферата, па ја работите со леснотија. Во семејството ќе биде целосно стабилно. Можни се проблеми на финансиски план. Подобра ви е комуникацијата со партнерот. Здравјето ви е добро.

Рак

Ќе ви се укаже интересна прилика да заработите пари надвор од градот во кој што живеете. Повеќе луѓе ќе бидат вклучени во тој проект. Во семејството ве очекуваат убави настани. Здравјето ви е стабилно, но може да покачите некој килограм повеќе.

Лав

Емотивната стабилност ви дава дополнителна енергија во работата да бидете што е можно подобри. Финансиската ситуација е добра. Ќе добиете поволни вести кои се врзани за некој судски спор. Во семејството е добро. Здравјето ви е стабилно.

Девица

Имате повеќе енергија за работата и дури сега ви претстои плоден период кој треба максимално да го искористите. На емотивен план е се’ како што треба. Беспотребно се измачувате со негативни емоции.

Вага

Денеска ќе бидете расположени за работа. Партнерот ќе биде нервозен и можни се бурни рекации, па немојте од тоа да правите проблем. Покажете разбирање и смирете се со убави зборови.

Скорпија

Денеска ќе бидете релаксирани на емотивен план. Расположението ќе ви биде одлично, па ќе сакате да се дружите со пријателите. Меѓу нив една личност ви е посебно важна, но се плашите од сериозниот разговор со нејзе.

Стрелец

На работа сте задоволни и самоуверени. Финансиите ви се постабилни. Време е денеска да посветите повеќе внимание на пријателите. Во љубовте не ве држи место. Лудо се забавувате и сакате да флертувате.

Јарец

На полето на кариерата се’ ви оди од рака. Во овој момент е така, но наскоро очекувајте промени. Кога во работата нешто ќе тргне на лошо, потребни ви се пари, па затоа почнете да штедите. Во љубовта засега е добро.

Водолија

На работа немојте да се мешате во туѓите проблеми и она што не ве засега вас. Вашите проблеми се последица од нервоза и честата напнатост. Само позитивно размислувајте и се’ ќе биде во ред.

Риби

Некој со кого се дружите би сакал да биде во врска со вас, но вие сте комплетно окупирани со други работи. Иако имате солидни приходи, генерално не сте задоволни од работата.