Дневен хороскоп (18.12.2013)

Овен

На работа немојте да го менувате мислењето. Започна нова емотивна фаза која што воопшто не ви одговара. Денеска ќе имате несогласувања со партнерот. Потрудете се да го сочувате мирот во домот. Здравјето ви е добро.

Бик

Овие денови треба да застанете и да пуштите работите да одат по својот тек, бидејќи ништо не можете да промените, посебно на емотивен план. На работа избегнувајте ги судирите. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Ниту денеска нема да биде сјајно на полето на финансиите. Неочекуваните трошоци целосно ќе ве исфрлат од контрола. Јавете им се на оние кои ви се должни и барајте да ви ги вратат парите. На емотивен план ништо ново.

Рак

Нешто криете од членови во семејството. Денеска може да дојде до расправии. Избегнувајте ги деловните комбинации со пријателите. Во љубовта се ближи интересен период.

Лав

Размислувате како денеска што подобро да ја извршите работата која што ве очекува, а парите ќе ги добиете многу наскоро. Доколку сте во врска со личност со која соработувате, наскоро очекувајте компликации. Здравјето ви е стабилно.

Девица

Доколку сте подготвени да заминете на пат, очекувајте да пристигнете со задоцнување. На емотивен план засега е добро, но наскоро ќе имате слични проблеми како и претходно. Здравјето ви е добро.

Вага

Доколку неодамна запознавте некоја шармантна личност, за која верувате дека е идеална за вас, исконтролирајте ја еуфоријата. Можно е да се разочарате за некој ден. Во следниот период јадете помалку месо.

Скорпија

Помалку грижете се , а повеќе работете на подобрување на односите со соработниците. Обидете се кај да не ги наоѓате мааните кај другите бидејќи дел од проблемот е и до вас. Финансиите ви се стабилни. Можни се помали стомачни тегоби.

Стрелец

Некои семејни договори може да се променат, но немојте негативно да реагирате. Се наоѓате во добра емотивна фаза, но постои можност лесно да се предомислите и да одете на другата страна. Здравјето ви е добро.

Јарец

Партнерот ќе биде емотивно нестабилен поради случувањата во семејството што може да се одрази и на вашиот однос и комуникација доколку не покажете повеќе разбирање. На полето на кариерата засега е добро.

Водолија

Денеска ќе бидете многу расеани, па е важно да разграничите што да завршите денеска, а што да оставите за утре. Во семејството ќе владее променливо расположение. Ќе имате потешкотии околу некакво наследство. Здравјето и понатаму ви е чувствително.

Риби

Искористете го пријателството со важни луѓе, така лесно ќе направите еден чекор напред. Во љубовта е убаво и стабилно. Со партнерот имате поопуштен однос, но не и со пријателите.