Дневен хороскоп (19.03.2014)

Овен

Емотивното задоволство уште повеќе ве мотивира. Трпеливо го чекате моментот за нови деловни потфати. Здравјето ви е добро.

Бик

Во овој период тешко дека некој може да ве задржи. Приликите на полето на кариерата претставуваат вистински предизвик за вас. Здравјето ви е добро.

Близнаци

На партнерот му се допаѓа тоа што повеќе не сте импулсивни. Планирате максимално да се посветите на кариерата, но немате јасен план. Здравјето ви е добро.

Рак

Малите проблеми ја прават врската поинтересна. На полето на кариерата е се’ потешко, но ќе имате прилика да се вратите на старите работи. Здравјето ви е добро.

Лав

Повеќе верувајте му на партнерот одошто на другите. Тешко се задржувате на една работа и имате потреба за промена. Минливи се проблемите со грлото.

Девица

Навикнавте на осцилации во врската. Тешко поднесувате критики и не го прифаќате она со кое што не се согласувате. Одлично се чувствувате.

Вага

Ви претстои интересна и романтична вечера. Успехот на работа не ве задоволува во целост. Чувствителен ќе ви биде долниот дел од стомакот.

Скорпија

Во љубовта е помирно, но не е уште се’ решено. Се’ почесто се оддалечувате од работата бидејќи немате енергија. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Не ги избегнувајте пријателите, туку излезете со нив кога ќе ве повикаат. Имате оптимистички очекувања, но бидете внимателни. Немате проблеми со здравјето.

Јарец

На емотивен план е добро бидејќи партнерот повеќе се труди. Самодовербата ви е нарушена. Добро ќе ви дојде една долга прошетка.

Водолија

Ви одговара вниманието од партнерот иако тоа никогаш не би го признале. Бавно напредувате, но ќе имате среќа. Здравјето ви е добро.

Риби

Не сте сигурни во партнерот, но тој ви е наклонет. Ќе се обидете да заштедите пари, но не успевате. Здравјето ви е стабилно.